Петар Печков
Објавено: петок, 18 април 2008
Мерната станица на МХК Злетово во стечај, е узурпирана и против правно присвоена од непознат сторител. Објектот во кој се наоѓаа скапи мерни инструменти, со кој се испитуваше квалитетот на воздухот во Велес, сега е заклучен и недостапен за стечајниот управник. Непозната е судбината на инструментите чија вредноста се проценува на 30-тина илјади евра.
- Без согласност на Одборот на доверители, узурпиран е простор и објектот, кој е сопственост на друштвото кое е во стечај. Сменет е катанецот, така што немеме можност да влеземе во мерната станица. Ќе побараме помош од велешката полиција да видиме кој го сторил ова, но и што се случило со мерните инструменти а против сторителот ќе превземене законски санкции – изјави Радослав Кипровски, стечаен управник на МХК Злетово.
Овој објект е лоциран покрај реката Варадар и е еден до двата со кој се мереше загаденоста на воздухот во градот со чад, сулфур двоксид и прашина. Според нивните претпостаки тоа е дело на некој од велешките спортски кајакарски клубови, бидејќи во дворот на станицата се наоѓаат кајак чамци како и постолје за прогласување на победници.

Tweet |